Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Corinthians 3

:
Macedonian - 1990
1 Пак ли ќе почнеме сами да се фалиме пред вас? Или ни се потребни, како на некои, препорачувачки писма до вас или од вас?
2 Вие сте нашето писмо, напишано во нашите срца, кое го познаваат и читаат сите луѓе;
3 вие се јавувате како Христово писмо, составено преку нашата служба, напишано не со мастило, туку со Духот на живиот Бог, не на камени плочки, туку врз телесни плочки на срцето.
4 Таква сигурност во Бога имаме преку Христа,
5 но не дека сме способни да помислиме нешто, како од себе: напротив, нашата способност доаѓа од Бога.
6 Он ни дал способност да бидеме слуги на Новиот завет, не на буквата, туку на Духот; зашто буквата убива, а Духот оживотворува.
7 Ако, пак, служењето на смртта со букви, издлабени во камења, беше така славно, што синовите Израилеви не можеа да погледаат во лицето на Мојсеја, поради преодниот сјај на неговото лице,
8 тоа како ли нема да биде славно служењето на Духот!
9 Оти, ако служењето на осудувањето е славно, тогаш служењето на оправданието е многу поизобилно со слава.
10 И не е славно она што се прослави тогаш спрема преголемата слава.
11 Оти, кога е славно она што престанува, тоа во многу поголема слава ќе биде она што останува.
12 Имајќи, пак, таква надеж, ние дејствуваме со голема слобода,
13 а не како Мојсеј што ставаше покривало на лицето свое, за да не можат синовите Израилеви да го видат крајот на она што останува.
14 Но умовите нивни заслепеа, бидејќи и до ден денес, кога се чита Стариот завет, покривалото стои несимнато, зашто Христос го симнува.
15 Па и до ден денес, кога се чита Мојсеј, покривалото им лежи на срце.
16 Но, кога ќе се обрнат кон Господа, покривалото им се симнува.
17 А Господ е Дух; а каде што е Духот Господов, таму има слобода.
18 Ние, пак, сите со откриено лице, гледајќи ја славата Господова, се преобразуваме во ист образ, од слава во слава, како што доаѓа Духот Господов.